Петков рачно нацртал план за симнување на ветото –содржината ја покажа пратеник на ИТН – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/22 9:13 AM

Петков рачно нацртал план за симнување на ветото –содржината ја покажа пратеник на ИТН

План со чекори и обврски од Македонија по укинувањето на ветото, наводно нацртал рачно пред европските дипломати бугарскиот премиер Кирил Петков. Ова го тврди пратеникот од „Има таков народ“ Станислав Балабанов, кој во Народното Собрание на Бугарија покажа лист од работна книга на Министерскиот Совет, за кој рече дека е рачно нацртан план на Петков „за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија“. Првата точка од овој план е падот на ветото. Планот бил нацртан за за време на патувањето со воз од Полска до Украина, Киев.

Балабанов увери дека напишаното може да потврдено од експерт графолог дека се работи за ракописот на Петков.

Според пратеникот на ИТН, премиерот  го објаснил својот план на други, меѓу кои и дипломати и странци, па очекувањата во Европа се да се укине ветото и притисокот од европската дипломатија. Сепак, сите обврски што ги има и треба да ги има Македонија, се предвидени да се спроведат по ветото.

Според Балабанов, Кирил Петков се заложил да го укине ветото пред француските избори, за францускиот претседател Емануел Макрон, “да може да победи на изборите, славејќи дипломатска победа“.

Станислав Балабанов, кој е убеден дека ова ќе биде национално предавство, објасни дека Петков очигледно се откажал од својот план под притисок и пред се поради страв, бидејќи се соочил со отпор, особено од неговата партија  ИТН.

Кирил Петков на вчерашната прес конференција со еврокомесарот Вархеи јасно кажа дека бугарското вето кон Македонија останува.

-Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања  по прашањето на Pепублика Cеверна Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство, изјави Петков на прес конференцијата по средбата со еврокомесарот  Оливер Вархеи.