Во период од 45 дена комплетно ќе биде затворен регионалниот пат Маврови Анови – Жировница поради асфалтирање, почнувајќи од 14 јуни 2022 година во наредните 45 дена. Патот ќе биде со времен режим во периодот од 10 до 14 часот, соопшти АМСМ.
-Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштвото за градежништво Пелагонија АД, Гостивар, соопшти АМСМ.