Спонзориран текст
Скопје, 9.6.2022 год.– Државна лотарија на барање на учесниците во игрите на среќа започна втора сезона од бонус играта за забава и добивки „БОНУС ONLINE“.
Почетокот на играта, го одбележа со автомобилистот Ристо Вуков – Рико, кој вчера, на 9.6.2022 год, гостуваше во Лото емисијата и за првпат во втората сезона, симболично го заврте тркалото на среќата.
Сумата од 100 000 денари испишана на полето на коешто застана стрелката, Државна лотарија ја триплираше, со цел донација од 300 000 денари за ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ.
Нашиот спортист Ристо Вуков – Рико е еден од нашите најдобри автомобилисти којшто како бренд амбасадор ја пренесува пораката за одговорно учество во игрите на среќа, поволностите на брзото, лесно и безбедно онлајн учество преку веб-страната www.loto.mk и потсетува дека преку учество во игрите на среќа на Државна лотарија, сите придонесуваме за поддршка на општествено корисни цели.
Сите коишто сакаат да учествуваат во бонус играта „Бонус ONLINE“ можат да се регистрираат брзо, безбедно и лесно на веб страната www.loto.mk и да ги уплатат среќните бројчиња. Доколку бидат извлечени по електронски пат добиваат ексклузивна можност да го завртат Тркалото на среќата во Лото емисија и да добијат бонус од 50 000, 100 000 или 150 000 денари.
Минатата сезона на бонус играта „Бонус ONLINE“ беа освоени вкупно 2 200 000 денари, а со тоа испишавме бројни среќни приказни на нашите ONLINE играчи
Државна лотарија е активен член на нашето општествено живеење и донира во општествени одговорни цели согласно своите начела и стратегија на делување.
Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата.