Околу 90 американски спортистки предводени од повеќекратната олимписка победничка Симон Билс, кои беа сексуално злоставувани од докторот на американскиот гимнастички тим Лери Насар, бараат од ФБИ отштета од над 1 милијарда долари, затоа што не го спречи осудениот насилник да дејствува кога може.
Имено, агентите на ФБИ во 2015 година знаеле за обвинувањата за сексуална злоупотреба на гимнастичарките, но ништо не направиле. Американската федерација за гимнастика испратила пријава за сексуална злоупотреба на тројца спортисти до агенти во сојузната држава Мичиген, но тие не презеле никакви истражни дејствија, ниту ги известиле претставниците на федералната полиција.
Насар продолжи да ги злоупотребува своите жртви повеќе од една година, пред да биде уапсен во 2016 година по извештаите за злоупотреба на Универзитетот во Мичиген каде што работел како лекар. Во истрагата тој се изјасни за виновен за сите кривични дела за кои се товареше, а во 2018 година беше осуден на казна затвор до 175 години за злоупотреба на млади гимнастичари кои биле под негова заштита.
Барањето за компензација испратено од жртвите на Насар во постапката има многу добри шанси да се реализира или во форма на позитивна пресуда или во вонсудско спогодување. Имено, дури и директорот на ФБИ Кристофер Вреј минатата година во Конгресот зборуваше за овој случај и призна дека федералната полиција можела да дејствува и да го запре Насар во 2015 година, но не го сторила тоа.
Според федералниот закон, владините агенции мора да одговорат на барањата во рок од шест месеци. Ако тоа не се случи, случајот ќе заврши на суд.
„Време е ФБИ да одговори“, изјави поранешната американска државна шампионка во гимнастика, Меги Николс.
Покрај неа и Симон Билс, меѓу гимнастичарите кои бараат парична отштета се и златните олимписки медалисти Али Рајсман и Мекејла Марони.
Билс и Марони минатиот септември сведочеа пред комисијата на Сенатот за долгогодишно сексуално злоставување што се случило под надзор на Насар. За време на сослушувањето, гимнастичарите го критикуваа ФБИ за лошо спроведената истрага, а Билес ја обвини агенцијата дека намерно ги игнорирала жртвите на Насар.
извор: https://sportske.jutarnji.hr/
фото: https://edition.cnn.com/