Министрите за регионален развој, за надворешни работи и спорт – Гроздан Караѓов, Теодора Генчовска и Радостин Василев објавија оставки, јави ON AIR. Се очекува истото да го стори и министерот за енергетика Александар Николов. Министерот за млади и спорт Радостин Василев утре ќе поднесе оставка, најави тој самиот пред новинарите на маргините на Собранието. Одлуката се однесува и на замениците министри. Оставките се како резултат на повлекувањето на нивната партија ИТН од владината коалиција.
Претходно Генчовска го обвини премиерот Кирил Петков дека води двојна надворешна политика со Македонија. Како што рече, постојат меморандуми за средбите на Кирил Петков со европските дипломати на тема Северна Македонија. Генчовска за БТВ коментира дека белешките се класифицирани и се чуваат во министерството. Петков демантираше.