Холанѓанец најден починат во вила во Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/18 11:35 AM

Холанѓанец најден починат во вила во Охрид

Во текот на вчерашниот ден во утринските часови во 8:30 часот во с. Трпејца во Охрид, бил пронајден починат 79-годишниот К.Ј.Т. од Холандија.

Од итната медицинска помош е констатирано дека на него немало видливи траги на насилство. Телото е предадено на обдукција по наредба на Јавен обвинител.