Грција пријави прв случај на мајмунски сипаници – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/22 7:58 AM

Грција пријави прв случај на мајмунски сипаници

Грчките здравствени власти вчера (среда) го потврдија првиот случај на мајмунски сипаници во земјата, објави greekreporte.

Според Јавната здравствена организација ( EODY ) , маж кој отпатувал во Португалија бил позитивен на тестот за вирусот откако побарал лекарска помош за симптоми слични на мајмунски сипаници. Мажот бил хоспитализиран во болницата Андреас Сингрос во Атина, бидејќи се очекуваат дополнителни резултати од тестот. Пациентот моментално е хоспитализиран и е во стабилна состојба.

До 7 јуни, 577 случаи на мајмунска сипаница беа идентификувани во 18 европски земји, додека 437 беа потврдени во 10 земји надвор од Европа. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека досега има повеќе од 1.000 потврдени случаи во 29 земји.