Се враќа оптимизмот во Манчестер Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/18 9:43 AM

Се враќа оптимизмот во Манчестер Јунајтед

Последните добри игри и победи, придонесоа да се врати позитивната атмосфера во тимот на Манчестер Јунајтед кој не ја почна најдобро сезоната во Премиер лигата.

Тренерот Жозе Мурињо пред денешниот дуел (16 часот) со Вулверхемптон вели дека неговиот тим е способен да биде најдобар на сезоната. Сепак, Португалецот рече дека тоа ќе биде тешко.

„Јас не реков дека ќе имаме повеќе поени од минатата сезона, бидејќи таа година ние стигнавме до едно прифатливо ниво. Мислам дека ќе станеме најдобриот тим. Ќе играме подобро од порано, но сигурен сум дека ќе биде многу тешка сезона. Но, ова не важи само за нас, туку и за другите“, нагласува Мурињо.

По пет рунди во Англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед има три победи и два пораза и со девет бода се наоѓа на осмото место на табелата.