Слави Трифунов ја растури бугарската влада поради Македонија – „Има таков народ“ ги повлекува министрите од кабинетот на Кирил Петков – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/22 3:02 PM

Слави Трифунов ја растури бугарската влада поради Македонија – „Има таков народ“ ги повлекува министрите од кабинетот на Кирил Петков

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ”, Слави Трифонов денеска изјави за локални медуми дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата.

– Ставам крај на оваа коалиција и агонија, изјави Трифонов

– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.

– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената” не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој

Според него, тоа е советничка на Петков, Весела Чернева.

– Што се однесува до буџетот – Асен Василев, откако е министер за финансии, милијарди летаат горе-долу во државата, тоа се наши пари, рече Трифонов.

Тој истакна дека не е јасно за што е потрошена најголемата сума во историјата на Бугарија – 9 милијарди лева за девет дена во декември 2021 година.

Владината коалиција има четири партии – Продолжуваме со промените, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија.