Кривична за келнерка која точела алкохол на десет деца под 14 години во Битола – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/22 12:30 PM

Кривична за келнерка која точела алкохол на десет деца под 14 години во Битола

Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект во Битола и против А.Д. (24) од Битола, вработена во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете”.

Од СВР-Битола појаснуваат дека при контрола во објектот било утврдено дека А.Д. послужила со алкохолни пијалоци 10 малолетници, кои не наполниле 14 години.

фото: Freepik