Виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој Чу Нгок Ан се уапсени во истрага за вештачко зголемување на цените на тестови за ковид.
Нгуен Тан Лонг е сменет од министерската функција, а Чу Нгук Ан, поранешен министер за наука е сменет од функцијата градоначалник, јавија виетнамските медиуми. Истрагата против нив се заснова на сомнежи за злоупотреба на службената положба. И двајцата се исклучени од владејачката виетнамска комунистичка партија.
Истражните органи претходно открија дека Министерството за здравство и Министерството за наука и дозволиле на „Виет А Технолоџи” (Viet A Technology) да ги напумпа цените за комплетите за тестирање за Ковид доставени до болниците и здравствените центри во Виетнам.
Речиси 60 лица се приведени или се под истрага во врска со случајот, вклучувајќи министерски службеници, здравствени експерти и виетнамски армиски генерали.
Извршниот директор на „Виет А” беше уапсен во декември. Тој признал дека компанијата продавала комплет со тест за ковид по цена од околу 20 долари, што е 45 отсто поскапо од првичната цена на комплетот.
МИА
фото: https://nhandan.vn/