Пејачот Ламбе Алабакоски е осомничен дека го подметнал пожарот во центарот „Ванчо Михајлов“, го признал и делото, објави Оливер Спасовски – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/22 11:14 AM

Пејачот Ламбе Алабакоски е осомничен дека го подметнал пожарот во центарот „Ванчо Михајлов“, го признал и делото, објави Оливер Спасовски

Пејачот Ламбе Алабаковски кој пред една година се врати од САД е осомничен дека подметнал пожар во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, дознава ММС.

Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа во соопштението на министерот Оливер Спасовски кој на Фејсбук се пофали дека сторителот на делото е уапсен и истото го признал. Алабаковски стигнал до центарот со велосипед, пришол до клубот и ја запалил влезната врата.

Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов” во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода, напиша Спасовски.

Уште еднаш, подвлекува министерот, покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот.

– И во овој сегмент нема „пардон”, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, порача Спасовски на фејсбук.

МИА