Иако некои работодавци толерираат секакви кодекси на облекување, има и такви кои нема да игнорираат ни најмала ситница што е надвор од кутијата. Со таков проблем се соочила Кејт Хана (22) која работела во англиски бар „Брада и пиво“ како келнерка.
Кејт добила отказ бидејќи на работа дошла во обична сива маичка, но под неа немала градник. Тоа не и се допаднало на нејзиниот шеф, а Кејт решила се да објави на Фејсбук.
„Само што добив отказ затоа што одбив да носам градник. Се чувствував непријатно и шокиран кога тоа се случи. Таа ми рече дека не смеам да работам ако не го носам, а тоа ми го кажаа пред другите работници и гости. Засрамена сум и сексуално злоставувана, а кога и кажав како се чувствувам, таа ми рече дека сум глупава и смешна“, напиша келнерката и додаде:
Згрозена сум од недостатокот на почит кон жената да го носи она во што се чувствува удобно“, напиша таа и нагласи дека овој потег го смета за претеран.
Еден од сопствениците на локалот изјавил дека ниту еден од вработените не бил отпуштен поради градниците и дека ги штитат своите работници од сексуална злоупотреба. Меѓутоа, Кејт го тврди спротивното.
Многу корисници на мрежата се согласија дека во некои случаи неносењето градник можеби изгледа многу несоодветно, но дека Кејт не изгледа вака вулгарно.
извор: Mondo.rs
фото: Facebook