Околу 8.000 деца и возрасни вчера попладне ги преплавија улиците во центарот на Скопје со своите еколошки превозни средства како дел од ревијалниот настан „Вози право, вози здраво”, што е најмасовната посетеност досега. Илјадници насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, мајки и татковци со бебешки колички, тргнаа од Порта Македонија и со релаксирано возење по улиците на кои немаше автомобили стигнаа на целта во Градскиот парк каде ги очекуваше голема забава со музика, танчерски точки, освежување и лотарија со многу вредни награди.
фото: В. Тануровски