(Видео) Спектакл над Бакингемската палата: Дронови го обоија небото за кралицата Елизабета Втора – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/22 6:00 PM

(Видео) Спектакл над Бакингемската палата: Дронови го обоија небото за кралицата Елизабета Втора

Прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора беше одбележана со спектакл на небото над Бакингемската палата. Десетици дронови блеснаа над симболите на британското кралско семејство, создавајќи божествени сцени кои ги „запалија“ социјалните мрежи!

Прво, пред концертот, на публиката и беше прикажано видео во кое кралицата Елизабета Втора пие чај со цртаното мече Падингтон и му открива дека крие сендвичи со џем во чантата!

А потоа беспилотните летала над Бакингемската палата го „насликаа“ портретот на кралицата, лебедот, коњот, чантата на кралицата од која излегуваат срца, бројот седумдесет и круната, чајникот и шолјата чај, па дури и омилената раса на кучиња на кралицата.

„Корги е главната ѕвезда на прославата“, „Има ли нешто побританско од планирањето да наслика куче на небото“, се само дел од коментарите.

На крајот од емисијата со дронови на небото беа испишани три збора – „Ви благодарам госпоѓо“!

фото: Mondo.rs