Уапсен убиец и силувач во Мексико кој ги мамел жртвите преку огласи на работа – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/22 2:00 PM

Уапсен убиец и силувач во Мексико кој ги мамел жртвите преку огласи на работа

Полицијата во Мексико уапси маж осомничен дека намамил најмалку седум девојки со понуди за работа преку Интернет, кои прво ги мачел, а потоа ги убил. Снимките од надзорните камери утврдиле дека споменатиот маж се сретнал со жртвите на јавни места. На едно видео дури се гледа како тој вози мотор со една од девојките и оди во непознат правец.

Помошникот секретар за јавна безбедност Рикардо Меја смета дека уапсениот е поврзан со најмалку седум жени. Последен во низата сомнителни случаи е убиството на Вирџинија Морено (31), на која и се губи секаква трага откако отишла на состанок по нова работа, пренесува Гардијан. Според Меи, Вирџинија ја напуштила својата куќа во Веракруз и отишла во хотел за да се сретне со лицето кое и понудило работа преку Фејсбук.

„Девојчето исчезна после тоа, а осакатеното тело на Вирџинија беше пронајдено неколку дена подоцна. Полицијата ја идентификуваше со ДНК анализа и со помош на лична карта што беше пронајдена во близина“, рече Меија.

Тој е осомничен и дека убил 22-годишна студентка која ја намамил да ја запознае во кафуле, а потоа ја однел во берберница, каде најверојатно била убиена. Полицијата го пронашла нејзиното тело три дена подоцна. Девојчето било претепано, сексуално злоставувано, а потоа задавено.

Обвинителите рекоа дека ги пронашле телата на различни места и дека повеќето од нив биле завиткани во пластични кеси. Човекот, кој од 2012 година се наоѓа на потерница под обвинение за силување, е уапсен заедно со девојка за која властите сметаат дека е негов соучесник.

извор: Mondo