„Ако можете да му помогнете на некој да ги излечи својот ум и верувања, можете да му помогнете да го излечи своето тело“, вели д-р Брус Липтон.
Д-р Брус Липтон е познат американски молекуларен биолог и истражувач, пионер на епигенетиката, кој најголемиот дел од својот живот го посветил на проучување на матичните клетки. Благодарение на нив, тврди тој, ја открил тајната на здравјето и животот.
Науката и медицината отсекогаш нѐ учеле дека секој од нас е исклучиво одраз на сопствената ДНК, односно на гените. Од тоа произлегува дека сме целосно немоќни да промениме било што, но тоа е далеку од вистината, вели д-р Липтон.
Во своето истражување, д-р Липтон забележал нешто многу интересно – човечките клетки се под силно влијание на околината, како и нашите мисли и верувања.
Прво страда психата, телото пропаѓа: Како да го тренирате мозокот да престане да се грижи!
Во една од неговите бројни студии, тој го набљудувал однесувањето на идентични матични клетки во Петри чинија (вид лабараториски прибор), во три различни хемиски средини.
Секоја од овие групи на матични клетки, иако генетски е идентична, се развила во нешто друго – во зависност од околината. Така во една средина матичните клетки се претвориле во коскени клетки, во друга се формирале масни клетки, а во третата мускули.
Тој заклучил дека гените не одлучуваат како ќе се развие една клетка и дали ќе биде болна или здрава. Околината е важна. Вашите клетки одговараат на вашето искуство со светот – смета тој.
Нашето тело е составено од огромна група од 30 трилиони клетки кои работат во хармонија.
На однесувањето на секоја од овие клетки многу влијае нашиот ум и перцепција, односно искуството на светот, вели д-р Липтон.
На пример, ако светот го доживувате како пријателско место, вашите клетки ќе добијат такви сигнали што ќе ги водат да се отворат, растат и развиваат. Но, ако го гледате истиот свет како непријателско место каде што постојано треба да се браните и да се чувате од нешто, вашите клетки ќе добијат сигнали за затворање, па наместо да ги извршуваат своите вообичаени функции, тие сега ќе преземат нова улога – да се бранат од стрес и непријатели.
Исто така, д-р Липтон вели дека секоја клетка ги има сите органи кои ги има човечкото тело, па затоа нивните мембрани имаат своја улога.
Преку овие мембрани, клетките добиваат сигнали однадвор, па во согласност со сопствената интелигенција и мудрост, тие вклучуваат или исклучуваат одредени гени, што потоа влијае на вашето целокупно здравје.
Стресот се „храни“ со вашата енергија
Многумина денес живеат под постојан стрес. Стресот го стимулира лачењето на хормонот кортизол, кој ги стеснува вашите крвни садови. Тогаш енергијата од стомакот, кој е центар на вашата виталност, имунитет и здравје, се пренасочува кон екстремитетите, на кои им е даден целосен приоритет во ситуацијата „бори се или бегај“.
Бидејќи клетките под стрес трошат многу енергија на одбрана, веќе нема доволно енергија за работа на дигестивниот систем, имунолошкиот систем итн. Затоа, со текот на времето, телото слабее и на тој начин се создава погодна почва за различни нарушувања и болести.
Колку енергија би заштедиле за здравјето доколку го елиминирате стресот?
Знаејќи дека сте бесмртни може да ви помогне во тоа. Вие не сте физичко тело, туку дух кој го оживува, вели д-р Липтон.
Замислете го вашето тело како телевизор, а она што го придвижува е сигналот што телевизорот го прима – однадвор. Штом вашиот телевизор ќе се расипе, тој сигнал сè уште постои некаде, но емисиите сега ќе се прикажуваат на некој нов телевизор. Кога вистински ќе сфатите дека сте бесмртни, стресот ќе се стопи и ќе го изгубите чувството на страв бидејќи ќе знаете дека навистина немате од што да се плашите.
Моќта на позитивните и негативните верувања
Вашите мисли силно влијаат на вашите клетки. Колку што се моќни вашите позитивни мисли, толку се и вашите негативни. На пример, ако некој ве увери дека сте болни и дека многу брзо ќе умрете од таа болест, а вие навистина верувате во тоа, тоа навистина може да ви се случи.
Има неколку пријавени случаи на луѓе кои умреле затоа што лекарите (и семејството) ги убедиле дека се сериозно болни, иако обдукцијата подоцна покажала дека тие воопшто не биле смртно болни. Исто така, психолозите велат дека повеќе од 70 отсто од нашите мисли се негативни (и главно непотребни), па не е ни чудо што болестите ни се „лепат“.
Затоа, добро изберете ги мислите со кои ќе го потхранувате вашето внимание и мудро изберете во што ќе верувате.
Свесен или потсвесен ум – кој го има главниот збор?
Умот е главната причина за болести на нашата планета денес. Според д-р Липтон, нашето физичко тело е одраз на невидливото енергетско поле кое го обликува, а тоа енергетско поле е токму нашиот ум. Со менување на сопствената перцепција за светот, ние влијаеме и на нашите телесни функции и клетки, што резултира со добро здравје и виталност.
Сепак, треба да знаете и дека нашиот ум се состои од два дела: потсвеста и свесниот ум. Дури 95% од времето функционираме од нашата потсвест, која се состои од навики и научено однесување, а само 5% од времето дејствуваме од свесниот, креативен ум. Секој од нас е „програмиран“ до шестата година од животот. Дотогаш нашиот мозок ја снима околината како лента, па како сунѓер го впиваме однесувањето на родителите и околината, нивните ставови, лошите и добрите шаблони, стравовите, предрасудите и слично. Ние сме „програмирани“ да веруваме дека немаме моќ да одлучуваме, а тоа е се за да може некое малцинство во светот да владее со нас.
Иако секој човек има еднаква моќ и сила, програмирањето е она што води до тоа еден човек да стане просјак на улица, а друг, Бил Гејтс.
„Ако работите на сопствен план и забележите дека треба да вложите многу напор и сето тоа е застој, тоа е само затоа што вашата потсвест ве саботира“, вели д-р Липтон.
За да не бидете жртва на таа програма и на сопствената потсвест, менувајте ги негативните верувања и повторувајте постојано она што сакате да бидете – среќни, здрави и исполнети личности. Кога ќе се појават негативни мисли, застанете и станете свесни, советува д-р Липтон.
Ако вашите родители или оние околу вас постојано повторуваат дека некоја личност е беспомошна или дека животот е многу тежок, зборувајте со себе и повторувајте некоја спротивна, афирмативна мисла – ден за ден. Со упорно повторување на некои нови мисли, во кои навистина верувате, ќе ги избришете старите верувања и обрасци и ќе ги замените со нови кои се многу поздрави за вас.
И тогаш вашата потсвест навистина ќе работи во ваша корист.
Д-р Липтон нагласува дека секој од нас во голема мера одлучува за своето здравје.
Секој човек има голем број на матични клетки во своето тело кои имаат моќ да го регенерираат секој орган или ткиво. Значи, нашиот организам има моќ на ревитализација и самообновување.
Меѓутоа, како навистина делуваат некои лекови? И за тоа има објаснување. Имено, секој од нас има природен еквивалент на тој лек во телото, вели д-р Липтон. Ако има рецептори за лекови во вашето тело, тоа само значи дека веќе имате природен лек за кој се наменети овие рецептори, но вашето тело можеби нема да го произведува во тој момент. Можеме да произведеме природни лекови во себе со менување на состојбата на нашата свест.
Еден таков лек е анандамидот или „молекулата на блаженството“. Тоа е вистински природен антидепресив кој нашиот мозок го произведува кога сме среќни и возбудени.
Извор: alternativa-za-vas.com