Почна 11. Викенд медиа фестивал во Ровињ – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/18 11:42 AM

Почна 11. Викенд медиа фестивал во Ровињ

Со звукот  на џез музиката вчеравечер во хрватскиот град Ровињ почна единаесеттото издание на Викенд медиа фестивалот.

Манифестацијата која важи за една од најзначајните во регионалната медиумска индустрија ќе трае до недела. Дотогаш, ќе успее да ги собере на едно место претставниците на медиумската фела, но и оние од областа на комуниколигијата.

Фестивалот и во своето единаесетто издание ќе помине во својот заштитен знак, а тоа е нудење решенија за одредени деловни проблеми, нов поглед кон работата, како и проток на важни информации собрани од искуството на земјите од регионов.

На Фестивалот доаѓаат имиња кои веќе и’ се познати на јавноста, а меѓу нив и селекторот  на фудбалската репрезентација на Хрватска. Тој ќе говори за создавањето на фудбалерите кои освојувајќи го второто место на Светското првенство во фудбал летово, го воодушевија светот.

Индустријата која го следи фестивалот се менува од година во година, станувајќи се’ поинтересна, зашто медиумите континуирано се движат низ дигиталната трансформација која станува неизбежен дел од глобалното општество.

Во изминатата деценија викенд медиа фестивалот го посетиле околу 35 000 медиумски, маркетиншки и пи-ар професионалци, меѓу кои и претставници од Радио Канал 77. Националната радио мрежа и годинава е медиумски покровител и соработник на оваа манифестација која инаку, ја следеле околу 5 000 акредитирани новинари од целиот регион.