Изложеноста на студ или топлина во кратки интервали помага да се ослободите од стресот – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/22 6:00 PM

Изложеноста на студ или топлина во кратки интервали помага да се ослободите од стресот

Кратката изложеност на ладно, топло, или интензивната физичка активност би можела да му помогне на вашето тело подобро да се справи со стресот – тврдат истражувачи од Универзитетот Сан Франциско во Калифорнија.

„Стресорите, како студен туш, седење во сауна и практикување тренинг со висок интензитет, може на кратко да го зголемат биолошкиот стрес, по што следи опоравување и чувство на леснотија“, вели Елиса Епел, професорка на Одделението за психијатрија.

Постојат и слични видови на ваквиот стрес, како што се наизменичното постење и хипоксичното дишење (привремено лишување од кислород во телото), кои се поконтроверзни и кои од многу здравствени работници се уште не се одобрени.

Истражувачите исто така истражуваат како лесната медитација и вежбањето може да придонесат за ослободување од стрес.

Епел вели дека нејзиното истражување потекнува од лично искуство со методот Вим Хоф, кој вклучува изложеност на екстремен студ, јога и дишење.

Епел открила дека овој метод значително го намалува нејзиниот праг на стрес.

„Постојат студии кои сугерираат дека техниките на Хоф можат да им помогнат на луѓето да ги регулираат своите емоции, освен да го намалат стресот, потенцијално да помогнат при депресија, па дури и да го намалат воспалението во телото“, вели Хилари Брук.

Изложеноста на студ, како што е криотерапијата, го активира нервниот систем и предизвикува ослободување на норепинефрин во мозокот, кој му помага на телото да го регулира стресот. За луѓето кои сакаат да почнат да го зголемуваат хормоналниот стрес, Хоф препорачува секојдневно туширање со ладна вода. Прво, почнете со 15 секунди и со текот на времето зголемувајте до колку што можете да издржите, пишува Инсајдер.

 

Извор: 24 sata.hr.