Тирамисуто е одличен десерт кој се топи во уста, па денес ви предлагаме рецепт според кој може да си го приготвите и да уживате. Спојот на кафе, бисквити, маскарпонеа сирење и какао е полн погодок, особено доколку во последен момент ви се најавиле гости, бидејќи може да се направи за десетина минути.
Состојки:
225 мл слатка павлака
225 гр сирење маскарпоне
71 гр шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица ликер (опционално, но вкусно)
450 мл кафе, собна температура
1 пакетче бисквити
Какао
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака, со шеќерот и ванилата. Потоа додадете го маскарпонето и ликерот и продолжете да мешате.
Направете кафе (1 лажичка инстант кафе и топла вода), потоа потопете ги бисквитите и наредете ги во плех за печење.
Бисквитот не го чувајте премногу долго во кафето за да не се распадне. Повторно притиснете го филот, па бисквитите и филот додека не се згусне материјалот. Последниот ред треба да биде фил. Истурете го преостанатиот фил во шприцот за колачиња и украсете го тирамисуто.
Потоа посипете со какао.
Извор: informer.rs
Фото: Илустрација / PixabayСуп