Дали денеска искрено се насмевте, од срце? – Ако не сте го сториле тоа се уште не е доцна. Насмевката, не само што е важна за вас како личност, туку е и здрава. Затоа искрено насмевнете се кога и каде било кога имате можност.
Насмевката едноставно и благотворно влијае на вашиот мозок и го ослободува стресот. Меѓутоа, експертите тврдат дека насмевката му овозможува на вашето тело низа здравствени благодети.
Додека се смеете, голема количина на кислород пристигнува до вашето срце и бели дробови. Смеата го поттикнува лачењето на повисока количина на ендорфин, така што во моментот се чувстувате подобро и поудобно. За време на тоа, циркулацијата на крвта се подобрува и организмот се ослободува од прекумерна напнатост.
Смеата го зајакнува вашиот имунолошки систем, ве смирува и го подобрува вашето расположение. Со интензивно смеење може да согорите и некоја калорија повеќе.