Најмоќната жена во фудбалот заминува поради политиката – Десната рака на Абрамович го напушти Челзи – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/22 5:00 PM

Најмоќната жена во фудбалот заминува поради политиката – Десната рака на Абрамович го напушти Челзи

Челзи и официјално го смени сопственикот откако беше одобрена и комплетирана трансакцијата, која од Роман Абрамович премина во рацете на  Тод Боли, а американскиот бизнисмен веќе е подготвен да направи одредени промени.

Една од првите е заминувањето на успешната директорка Марина Грановскаја. Русинката беше „десна рака“ на Роман Абрамович, минатата сезона ја доби наградата за најдобар фудбалски оперативец, но поради политиката и нејзината националност повеќе нема перспектива во Челзи.

Германскиот весник „Билд“ пишува дека тоа е причината поради која Грановскаја не била на последниот натпревар сезонава за Челзи, па најмоќната жена во светскиот фудбал веќе почнува да бара нова работа.

„Досега последниот збор го имаше 47-годишната Марина Грановскаја, а отсега одлуките ќе ги носи тренерот Томас Тухел. Блискиот соработник на Роман Абрамович е во клубот од 2013 година, а од Русите сега имаат лош статус во Англија, најверојатно ќе си заминат до крајот на август“, пренесува споменатиот весник.

Грановскаја имаше многу добри трансфери како доаѓањето на Диего Коста, Н’Гола Канте, Каи Хаверц и други, а позната е и како директор кој одлично преговара за заминувања на играчи, па на Челзи му донесе богатство од Азар.

Нејзин наследник треба да биде Андреа Берта, актуелниот спортски директор на Атлетико Мадрид, а дали Тухел летово ќе ги добие првите засилувања од овој клуб ќе видиме. Тој е заинтересиран за Хозе Хименез, а на Берти ќе му биде многу полесно да преговара за трансферот на Уругваецот.

извор: Mondo.rs

фото: chelsea-football.news/