Она во што спиете открива многу за вас: Има шест типови луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/22 9:00 PM

Она во што спиете открива многу за вас: Има шест типови луѓе

Носење удобни пижами или преголеми мајци, особено такви кои се обележани со ликови од цртани филмови, укажува на тоа дека сте носталгична личност.

Фланелни пижами / или со копчиња

Го почитувате своето здравје и хигиена

Многу од луѓето кои носат пижами со копчиња имаат силни организациски вештини, но знаат и да бидат плашливи и да поседуваат помала контрола над ситуациите – вели Матилда Мофет, психолог од Велика Британија. Таа вели дека пижамите кои се закопчуваат, во нашата потсвест всушност потсетуваат на пижамите од болниците и затоа нив ги бираат оние луѓе кои внимаваат на здравјето и чистотата.

Маица без ракави и кратки панталонки од сатен или свила

Амбициозни сте и традиционални

Оние кои се одлучуваат за сатенска или свилена облека за спиење, важат за амбициозни луѓе кои сакаат да постигнат нешто повеќе во животот и да се надминат самите себе. Некои дури повеќе акцент ставаат на својата кариера отколку на сопствената среќа, објасни психологот.

„Сатенот и свилата се престижни работи кои асоцираат на величина и успех, независни дали се работи за постелнина, завеси или облека“, додава таа.

Преголема маица / удобна пожама

Носталгични сте и семејството ви е на прво место

Многу од луѓето кои носат ваква облека за спиење сметаат дека семејството треба да е на прво место. Тие се посветени и зрачат со интегритет, а тоа се важни особини, додала таа.

Луѓето кои носат преголема облека потсвесно сакаат да се вратат во минатото, во времето кога биле посреќни во животот, можеби во младоста – објаснува таа.

Голема маица со кратки ракави и пантолонки

Преголемата маица може да укажува на тоа дека сте слободоумна личност на која не и недостига самодоверба. Удобно ви е во сопствената кожа и сакате животот да го живеете според ваши правила. Оние кои спијат во ваква облека веруваат дека се баш онакви како што би требало да изгледаат, без потреба да им се докажуваат на другите луѓе.

Спиете во наметката за по дома

Немате доверба во сопствениот живот и барате утеха

„Спиењето во наметка може да укажува на тоа дека личноста нема доверба во својот приватен живот. Многу луѓе кои носат наметка всушност бараат некој вид заштита од проблемите кои ги мачат, а таквата облека се поврзува со нешто топло и удобно“, објаснува психологот.

„Тоа се луѓе кои сакаат да се замотани во нешто бидејќи сметаат дека така се заштитени од светот. Тоа особено доаѓа до израз ако појасот е цврсто заврзан околу струкот“, додава таа.

Спиете со чорапи

Ништо не оставате на случајност, а емпатијата не ви е јака страна.

„Носењето чорапи на спиење укажува на тоа дека поединецот е прагматичен и контролира се во многу аспекти во животот. На оние кои редовно носат чорапи во кревет често им недостига емпатија. Сепак, тие не трошат време на небитни работи“, нагласува психологот.