По три дена расудување, поротата утврди дека Амбер Херд дала клеветнички изјави за Џони Деп со пишувањето авторски текст за наводно преживеаното сексуално и семејно насилство.
Хард, која исто така поднесе противтужби за клевета, доби само една од трите ставки против глумецот. Обајцата се обвинија меѓусебно за злоупотреба и нанесување штета на кариерата. Таа, облечена во црно, во Судот во Калфорнија ја слушна пресудата, додека Деп бил во Велика Британија.
– За разочарувањето што го чувствувам денеска, нема зборови. Скршена сум што планината докази не беа доволни за да се спротивставам на непропорционалната моќ, влијание и маневрите на мојот поранешен сопруг, изјави Хард потоа.
Деп, иако побара 50 милиони долари, ќе добие 10 милиони долари за компензаторна штета и 350.000 казнена отштета. Хард добива два милиони долари за компензаторна штета, но не и казнена отштета