Лесен и брз рецепт за летен ручек – Потпечени тиквички – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/22 9:00 AM

Лесен и брз рецепт за летен ручек – Потпечени тиквички

За денес ви предлагаме ручек, во кој ќе ужива целото семејство, а се подготвува брзо и лесно!

Потребни состојки:

4 средни тиквички

неколку лажици масло за готвење

малку брашно

сол

црн пипер

250 мл неутрална павлака

реднан кашкавал

Начин на подготовка:

Излупете ги тиквичките, исечкајте ги на тркалца, посолете со сол и црн пипер и увалкајте ги во брашно. Вака подготвените тиквички, по малку запржете ги во загреано масло од двете страни.

Наредете ги тиквичките во огноотпорен сад и одозгора прелијте ги со неутрална павлака и посипете со рендан кашкавал. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Ова јадење можете да го послужите во комбинација со парчиња домат.

Добар апетит!