За денес ви предлагаме ручек, во кој ќе ужива целото семејство, а се подготвува брзо и лесно!
Потребни состојки:
4 средни тиквички
неколку лажици масло за готвење
малку брашно
сол
црн пипер
250 мл неутрална павлака
реднан кашкавал
Начин на подготовка:
Излупете ги тиквичките, исечкајте ги на тркалца, посолете со сол и црн пипер и увалкајте ги во брашно. Вака подготвените тиквички, по малку запржете ги во загреано масло од двете страни.
Наредете ги тиквичките во огноотпорен сад и одозгора прелијте ги со неутрална павлака и посипете со рендан кашкавал. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Ова јадење можете да го послужите во комбинација со парчиња домат.
Добар апетит!