Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за изградба и јакнење на сврзното ткиво. Многу зелечнук во исхраната во комбинација со мал внес на шеќери (прости јагленохидрати), како и поголемиот внес на протеини и вода, помага во воспоставувањето на нормалното ниво на естроген во крвта,а воедно и регулирање на шеќерот во крвта, што е исто така важен фактор кога станува збор за целулит.
Во изборот на овошје и зеленчук речиси и да не можете да згрешите, но следните три вида треба да ги јадете почесто ако сакате да се изборите со целулитот.
Батат (сладок компир)
Ова е еден од најстарите видови на зеленчук познат на човекот, а притоа и еден од најздравите и најхранливите. Содржи калиум, витамин Ц и Е, и бета коротин. Тој е одличен антиоксиданс и претставува број еден во подобрувањето на циркулацијата и елиминирањето на токсини, а тоа се две најважни работи во борбата против целулитот.
Брокула
Овој зелен зеленчук е одличен борец против целулитот од три причини:
-прво, содржи алфа липоична киселина која помага против стврднување на колагенот.
-второ, претставува концентриран извор на витамин Ц и е одлична поради диеталните влакна
-трето, брокулата е еден од најдобрите извори на калциум, одличен борец против целулитот.
Прокељ
Малите топчиња на прокељ слободно можете да ги сметате како „таблети“ против целулит. Освен витаминот Ц, прокељот содржи и супстанција која се нарекува индол-3-карбинол која во организмот се претвора во ди-индоли метан (ДИМ). ДИМ помагаат на ензимите од црниот дроб да го блокираат производството на 16-ОХ естрогени, штетните материи кои исто така се одговорни за губењето на квалитетот на колагенот.
И немојте да заборавите дека при готвењето на на зеленчукот, генерално е важно температурата да биде ниска, а вода да има што помалку-најдобро е да готвите на пареа, бидејќи така ќе ги зачувате витамините во зеленчукот.