Цеца и Анастасија не сакаат „од пиле млеко“: Што побарале да има во бекстејџот пред концертот во Пробиштип? – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/22 8:00 PM

Цеца и Анастасија не сакаат „од пиле млеко“: Што побарале да има во бекстејџот пред концертот во Пробиштип?

Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ за првпат ќе одржи заеднички голем концерт со својата ќерка Анастасија, а грандиозниот настан е закажан за 11 јуни во „Аква парк“ во Пробиштип.

Ова е нивни прв заеднички настап досега, а покрај македонската публика, се очекуваат и гости од соседните земји Бугарија и Србија.

Токму поради тоа хотелите во Пробиштип и околината веќе се резервирани од странски, но и домашни гости.

Организаторите на овој голем музички настан велат дека подготовките се во тек. Тие откриваат дека музичките ѕвезди во Македонија ќе пристигнат два дена порано, но не откриваат каде ќе престојуваат.

„Строго забрането е да откриеме каде ќе престојуваат, но можеме да ви откриеме дел од нивната рајдер-листа. Претпоставуваме дека луѓето мислат дека Цеца и Анастасија бараат „од пиле млеко“, но не е така. Како и сите нормални луѓе, тие бараат во бекстејџ да има ладна вода, свежи сокови, грицки и тоа е се“ – велат организаторите.

Карти за овој голем музички настан  може да се купат реку продажната мрежа на „www.kupikarta.com“.

ММС

фото: svet-scandal.rs/