Челичната дама на Путин: Третата светска војна започна – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/22 1:30 PM

Челичната дама на Путин: Третата светска војна започна

Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и започна Третата светска војна, тврди една од главните руски пропагандисти Олга Скабеева.

Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија Русија 1, таа посочи дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го „демилитаризира“ НАТО.

„Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и целото НАТО“, рече таа.

Олга Скабеева во јавноста е позната како „челичната дама на телевизијата на Путин“.

извор: Nova.rs

фото: www.ibtimes.sg/