Време е за блага пауза со рецептот на денот: Торта со вкус на кафе – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/18 9:22 AM

Време е за блага пауза со рецептот на денот: Торта со вкус на кафе

За сите љубители на кафето подготвивме рецепт со богат вкус на маскарпоне и силно црно кафе, кој ќе ги разбуди сите ваши сетила.

СОСТОЈКИ:
120gr. брашно
70gr. какао во прав
2 лажички сода бикарбона
1 лажичка сол
200gr. путер
400gr. кафеав шеќер
3 јајца
2 лажички екстрат од ванила
2dl. слатка павлака
4 лажички инстант кафе

ЗА ГЛАЗУРА:
30gr. какао во прав
1 лажичка инстант кафе
250gr. шлаг пена
270gr. шеќер
500gr. маскарпоне

ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Во еден сад со миксер заедно изматете го путерот, додајте го кафеавиот шеќер и мешајте 3 -4 минути. Полека додавајте ги јајцата едно по едно додека мешате и кога состојките ќе се соединат, додајте го екстратот од ванила. Во друг сад измешајте ги брашното, какаото, содата и солот. Третина од состојката додајте ја во претходната смеса и мешајте, полека додавајте од слатката павлака и добро измиксирајте. Потоа изматете го инстант кафето во 2dl. врела вода и помалку додавајте ја во смесата.

Два округли сада за печење премачкајте ги со масло и посипете ги со брашно. Тестото поделете го на два дела, оформете ги во калапот и ставете да се печат 40 минути.

Додека тестото се пече, направете ја глазурата. Најпрво одвојте малку од шлагот, околу половина шоља. А во другата половина на шлагот додајте го какаото и инстант кафето.

Сварете го какаото и во него додадете шеќер и оставете го да се стопи. Во изладеното какао додајте маскарпоне и преостанатиот шлаг и соединете го со миксер. Миксирајте додека не добиете глатка смеса. На изладеното тесто ставете од глазурата, ставете го другиот дел од тестото и повторо размачкајте ја глазурата на врвот и од страните. Декорирајте по ваша желба и послужете.