Ќе има нова пандемија во следните 20 години, предупреди милијардерот Бил Гејтс – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/22 3:26 PM

Ќе има нова пандемија во следните 20 години, предупреди милијардерот Бил Гејтс

Милијардерот Бил Гејтс предупредува дека следната пандемија ќе го погоди светот во следните дваесет години.

Во интервју за „Ел Диарио“ објавено во недела, тој рече дека има 50 отсто шанси да се појави нова чума во следните 20 години.

„Покрај познатиот вирус, следната пандемија може да биде биотерористички агент создаден од човекот или нешто што ќе направи чекор надвор од светот на природата поради климатските промени“, рече тој, пренесува Раша тудеј.

Затоа, овој филантроп смета дека сите земји треба да вложат огромни средства во истражување на можните патогени, а притоа повика на создавање на стручен тим од 3.000 научници и специјалисти кои би се занимавале исклучиво со подготовка и откривање на идни пандемии.

Сепак, ова не е нова тема за која зборува Гејтс, бидејќи ја спомна и во својата неодамна објавена книга. Станува збор за специјален тим чија кратенка би била ГЕРМ (Global Epidemic Response and Mobilization), а тој предлага овој тим да се формира под покровителство на Светската здравствена организација.

Се разбира, идејата на Гејтс бара милијарди долари, што повторно бара поголеми буџетски распределби за секоја земја.

Гејтс ја отфрли можноста мајмунските сипаници да станат следната светска пандемија, што беше објавено од бројни светски медиуми. Тој верува дека оваа заразна болест има мал потенцијал да го наруши човештвото на начин на кој тоа го направи Ковид-19. „Да не беше коронавирусот мајмунските сипаници немаше ни да бидат на вестите“, додаде тој.

Сепак, тој не ја исклучи можноста вирусот на тие сипаници да се мутира во „нешто погадно“ и потсети дека болеста дошла во Европа од Западна Африка, каде што е ендемична болест која ги погодува геј и бисексуалните мажи.

Гејтс, пак, истакна дека светот сè уште не е готов со коронавирусот, додавајќи дека сè уште сме во ризик бидејќи вирусот ковид продолжува да мутира и постои опасност од развој на уште позаразен вид.

извор: B92.net

фото: