Со ребалансот на буџетот министерството на Груби ќе добие дополнителни 500.000 евра за плати, обвинува Апасиев – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/22 3:08 PM

Со ребалансот на буџетот министерството на Груби ќе добие дополнителни 500.000 евра за плати, обвинува Апасиев

Политичката партија Левица обвини дека пред непосредното покачување на цените на храната и електричната енергија во време на рекордни стапки на инфлација, во ребалансот на буџетот се предвидува ново непродуктивно трошење во државната администрација.

„Додека македонските граѓани секојдневно не можат да сврзат крај со крај во услови на немаштија, Артан Груби одвојува дополнителни 30 милиони денари за плати во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Со ова, ДУИ вработува партиски кадри, кои се дополнителен терет врз преоптеретената државна администрација, во време додека Владата на Димитар Ковачески и режимот Заев-Ахмети-Ковачевски, не сакаше да одвои ни денар повеќе за просветните работници.

Работата на ова министерство е позната во македонската јавност со контроверзната распределба на работни места, кои се пополнети со вработени кои не го посетуваат работното место, ниту пак ги извршуваат работните обврски. Ова се одразува во севкупниот квалитет на Министерството кое има широк дијапазон на ингеренции, кои секако не ги става во полза на граѓаните, туку на штета на државната каса, која се празни на контото на ДУИ“, посочија од Левица.

извор: Левица