Ана Бјерде: Владите мора да имаат одговор за фискална одржливост и да ги заштитат најранливите од влијанијата – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/22 1:06 PM

Ана Бјерде: Владите мора да имаат одговор за фискална одржливост и да ги заштитат најранливите од влијанијата

Имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваме, владите мора да имаат одговор за фискална одржливост и да ги заштитат најранливите од влијанијата, порача од Скопскиот економски и финансиски форум потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија Ана Бјерде.

– Свесни сте колкав е фискалниот простор, јавните долгови се зголемени и има предизвици во однос на јавниот долг и нешто што не беше предвидено во буџетите. По неколку рунди на одговор на кризата, фокус треба да се стави на структурните ограничувања, што го попречија креирањето на нови работни места , исто така и фискалната консолидација, а и социјалната инклузија бараат нов фокус за премостување на структурните пречки, рече Бјерде.

Според Бјерде, потребни се подобри услови за фирмите да инвестираат, да креираат нови работни места, иновации и активности за младите.

– Тука во Северна Македонија на пример, ова значи да се загарантира поголема транспарентност и ефикасност на секторот правда, реформи на државната помош и за инвестирање во приватниот сектор, усогласување со цел вештините да одговорат на економиите во 21 век. Тие се развој, фокус на зелени инструменти. Зелената транзиција бара соработка на национално и регионално ниво со заеднички пристап, паметно земјоделство, дигитализација, вештачка интелигенција и исто така генерирање на обновливи извори на енергија, да обезбедат земјите природни извори на енергија, порача Бјерде.

Таа ја нагласи заложбата на Светска банка за развој на структурите за одржлив развој, потенцирајќи дека ова е сложен предизвик кој бара визија и храброст да се надминат економските пречки и да се спојат различни перспективи во една визија.

– Во овој период имаме многу несигурни точки, но исто така и можности да се промени насоката на политичката агенда, да се забрза имплементацијата на реформите што ќе овозможи раст. Се надевам дека ќе градиме врз основа на она што е веќе сработено во однос на инвестициите и немам сомнеж дека оваа конференција ќе даде придонес за справување со предизвиците и ќе даде поддршка на моделите за развој и намалување на сиромаштијата, заклучи Бјерде.

Комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан кој се обрати преку видео порака на Форумот, нагласи две работи кои се клучни за справување со несигурноста, а тоа, како што рече се заедничка политичка волја и предвидување.

– Наредната генерација на ЕУ не ја симболизира само политичката волја, туку и нашата визија Европа да биде подготвена за иднината да го антиципира растот. Приоритетите што ги дефиниравме со наредната гнерација на ЕУ се сега најважни. Зелениот договор и дигитализацијата ќе ни овозможат да излеземе посилни од пандемијата и да го издржиме ударот од војната во Украина, посебно Зелениот договор служи како стратегија за одржлив развој и мотор за создавање работни места, исполнување на таргетите за 2030-та година, еден процент од БДП и да се креираат над еден милион нови зелени работни места, рече Хан.

Тоа, според него, ќе помогне и на бизнисите и на домаќинствата.

– Убеден сум дека иднината лежи во европската соработка и интеграцијата вклучувајќи го Западен Балкан и Источна Европа. Ова е моментот кога треба да ја креираме нашата заедничка иднина со политичка волја и визија, нагласи Хан.

МИА

фото: МИА