Проекциите за оваа туристичка сезона во Црна Гора се многу добри, изјави директорот на Центарот за истражување и развој на туризмот Петар Голубовиќ, но и предупреди дека скокот на цените на крајбрежјето може негативно да се одрази на туристите од регионот, на кои Црна Гора значително се потпира.
Голубовиќ рече дека веќе е видливо дека се зголемени цените во кафулињата, рестораните и продавниците. Тој го наведува примерот според кој минатата сезона платил две и пол евра за пиво во еден објект на крајбрежјето, а годинава пет евра, објави порталот РТЦГ.
„Ќе го имаме незадоволството на туристите кои ако претходните години плаќале двојно помалку, а сега повеќе, сигурно ќе покажат револт“, рече Голубовиќ.
Тој рече дека војната во Украина ќе се одрази на туристичката сезона, но и дека верува дека има начини тоа да се компензира.
„Со фокусирана маркетиншка кампања и се што имаме во претсезоната, има многу, можам слободно да кажам, добри индиции дека туристичката сезона ќе ги замени туристите од тие пазари“, рече Голубовиќ.
извор: B92.net