По поплавата серија земјотреси во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/22 9:14 AM

По поплавата серија земјотреси во Тетово

Три помали земјотреси вчера беа регистрирани на подрачјето меѓу Тетово и Гостивар. Според податоците на ЕМСЦ, јачината на потресите се 2,2 до 2,7 степени по Рихтер. Бидејќи земјотресите се со ниска магнитуда биле  почувствувале само граѓаните кои живеат на повисоките катови на зградите.

Сеизмолозите информираа дека се работи за редовна сеизмичка активност на тлото, додека граѓаните сведочат дека секогаш по силните поплави земјата се тресе.