Злато за жена ми, злато и за ќеркичката Алина – Џамбо Агушев по четврти пат стана татко – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/22 11:00 AM

Злато за жена ми, злато и за ќеркичката Алина – Џамбо Агушев по четврти пат стана татко

Музичарот Џамбо Агушев стана татко по четврт пат, се роди ќерката Алина. Бебето, вели Џамбо за ММС, го добило ова име по желба на двајцата, за да и двете ќерки Мелина и Алина имаат слични имиња.

Бебето се роди во Аугсбург, гратче  во близина на Минхен, Германија, каде живее неговата сопруга.

Џамбо пред две години ја доби ќерката Мелина, но поради пандемијата ниту можеше да влезе да го види бебето, ниту, пак, да присуствува на породувањето. Затоа, како што рече тој, овој пат и бил поддршка на сопругата додека се породувала со Алина.

-Пресреќен сум што присуствував на породувањето во Германија, што бев до Асена. Да надоместам што за Мелина сама поминуваше низ породилните маки и стравот поради корона, кој го живеевме тогаш. Но, сега се беше во ред. Чувството кога ќе го слушнеш првиот плач на бебето не се опишува., вели Џамбо за ММС.

Кога се роди Мелина Џамбо и бебето и мајката ги накити со злато. Тој и сега си остана верен на традицијата, па и за ова бебе подароците беа-злато.

-Секако дека и за бебето и за мајката купив злато. Но, сега во болница толку можеше. Кога ќе излезат од болница ќе има уште и од мене и од целото семејство, рече среќниот татко.

И покрај големата среќа, сепак, Џамбо е тажен што нема доволно време да помине со нив зедно, бидејќи му почна турнејата и скоро секоја вечер е во различна држава.

-Од една страна сум пресреќен што присуствував на породувањето ама од една страна тажен оти само еден ден ја видов Алина и Асена и морав да заминам. Ми почна турнеата. Вчера бев во Полска,  свирев концерт за полската телевизија ТВП2, сега сум на аеродром и заминувам за Виена, а по Виена заминувам за Бугарија. Постојано сум некаде ама тоа е, рече Џамбо за ММС.

Ова е четврто дете на Џамбо. Тој го има синот Мерт и ќерките Севги и Мелина и, како што вели, семејството му се збогати и со ќеркичката Алина.

(В.М.)

Ја накитив жена ми со злато и алтан за ќеркичката- Радост во семејството Агушеви, Џамбо по трет пат татко

Тешко ми е што ми е разделено семејството – Џамбо Агушев поради пандемијата живее во две држави