Раскинувањата секогаш оставаат траги на душата, а дали некогаш сте се запрашале-дали на поранешниот партнер му е жал што сте раскинале, дали се’ уште мечтаете да го обновите контактот?
Ова прашање може лесно да разбуди лажни надежи и повторно да ве врати во состојба на збунетост и несигурност, затоа е важно да бидете внимателни. Секако, доколку врската била токсична и во неа лошо сте се чувствувале, за ова не треба ни да размислувате , туку продолжете понатаму и најдете си личност која ве заслужува. Но ако сте ја прекинале врската која била убава и во која постоела љубов која и понатаму нема згаснато, важно е да ги препознаете сигналите со кои партнерот порачува дека сака повторно да се обидете.
Еве кои знаци според стручњаците за љубов покажуваат дека му е жал и дека сака да му се вратите:
И понатаму е сам – Доколку поранешниот партнер и понатаму нема никој и не е заинтересиран за почеток на нова врска, можно е да и понатаму мисли на вас. Ако се’уште не е подготвен за нов однос, чувствата тогаш се немат изгубено.
Сака да одржува контакт со вас – Ако понекогаш ви прати порака како сте, ако ве повика или користи можност за разговор, тогаш тој не сака целосно да ве изгуби. Има потреба и понатаму да комуницира со вас и да биде во ваша близина.
Јасно покажува дека му е жал поради грешките и разделувањто – Овие емоции се се’ уште засилени ако во тој момент немал прилика или желба да ви се извини. Тоа би требало да биде јасно не само од неговите зборови, туку и од неговите постапки. Ако порано не сте го забележале ова, сега се станува јасно: жал му за загубата на врската. Отворено се извинува и покажува дека му е важно заедно да ги исправите работите.
Ви посветува внимание – По заминувањето, партнерот можеби ќе почне да ве опсипува со поголемо внимание, некои гестови покажуваат дека сака да се вратите-некои емотивни пораки, подароци, изненадувања, убави зборови, покани за во ресторан или за во кино… Сo тоа покажува дека сака да продолжите таму каде што имате застанато.
Нема префрлање, обвинувања, караници – Доколку се труди да одржи пријателска комуникација, не сака да се врати на старите лоши работи, да ви префрла за нешто, туку во разговорот се фокусира на сегашноста и на иднината, вистина е дека планира се’ што е негативно да остави зад себе и да се посвети на односот.
Неговата тага и недостасувањето се забележуваат – Ако станал повлечен, помолчелив, променил некои секојдневни навики, избегнува дружење, не дели емоции со други, во очите му гледате дека не е среќен, тоа е всушност болка. Но некои луѓе овие знаци ги доживуваат како игра и претворање. Можете да повлечете сопствени паралели и да извлечете сопствени заклучоци-како би реагирале во ваква ситуација?
Ако и понатаму постои врска и чувства помеѓу вас, самите ќе ги разберете вистинските причини за она што се случува.Главната работа е да не донесувате пребрзани заклучоци. Ако планирате да ја преиспитате својата неуспешна врска во блиска иднина, обидете се навистина да го направите тоа. Можеби како поединци сте се промениле и двајцата и сте подготвени да учите од сопствените грешки. На крајот, единствен вистински начин да дознаете дали сте подготвени и дали вреди да се обнови овој однос е навистина отворена и искрена комуникација со партнерот.
Извор: zenskikutak.rs
Фото: Unsplash