Алергиите не се наивна болест: Можеби сте алергични на полен, а не знаете – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/22 5:05 PM

Алергиите не се наивна болест: Можеби сте алергични на полен, а не знаете

Алергиите не треба да се земаат „здраво за готов“ и не треба да се лечат на своја рака, туку да се побара совет од  лекар, предупредува д-р Татјана Радосављевиќ, стручњак за белодробни заболувања.

Според најновото истражување спроведено во Велика Британија повеќе од три милиони Британци кои боледуваат од астма или некое друго белодробно заболување имаат сериозни здравствени проблеми поради алергиите од полен.

Состојбата им се влошува толку многу што лекарите стравуваат дека доколку нешто не се промени , а веројанто нема, наредните години може да се очекува драматичен пораст на смртните случаи помеѓу астматичарите. Директна или индиректна причина за нивната смрт може да биде алергијата на полен, пишува  Daily mail.

Повеќето полени кои предизвикуваат алергиски реакции потекнуваат од дрвјата, грмушките и тревата. Како што за српскиот портал Srecna republika, објаснува примариус д-р Татјана Радосављевиќ, стручњак за белодробни заболувања, поленската алергија може да се јави во кој било период од животот – од раното детство до старост.

-Подеднакво заболуваат и млади и стари, жени и мажи,нема тука некоја разлика. Заболуваат и луѓе кои предходно немале никакви симптоми на алергија. Ова инаку е период од годината кога е голема концентрацијата на алергени од полен во воздухот, но немам забележано дека има повеќе пациенти од предходните години – вели таа.

Според некои проценки до 2050 година секое втор дете ќе има некој проблем со алергиите.

„Оние кои знаат како да се носат со алергиите почнале уште пред цветањето да користат лекови против алергија или пумпички. Најзагорзени се болните кои имаат алергиска асма на полен, а доколку се работи за други форми на асма тогаш поленските алергени не влијаат“, додава д-р Радосаљевиќ.

Како што советува таа, доколку родителите забележат или се соменваат дека детето им е алергично, не само на полен туку на био што друго, треба веднаш да се јават на педијатар. Никако не треба на детето да му се даваат лекови на своја рака.

-Педијатарот пред сѐ точно ќе утврди на што е алергично детето. Докторот ќе употреби тест кој најмногу одговара на возраста на детето и кога точно ќе се утврди за кој вид на алергија станува збор тогаш на ред доаѓа лекување.

Ова се однесува и на возрасните бидејќи секој човек може да добие алергија во било кој период од животот.

Доколку забележите симптоми треба да посетите лекар, немојте веднаш да одите во аптека во консутација со фармацевтите на своја рака да користите антихистамини. Тоа не е решение. Лекарот мора да одреди кој и каков лек е потребен. Никогаш не е доволоен само антихистаминик, потребно е лекот да се внесе локално во носот или е потребна посилна терапија.

Како што истакна д-р Радисавњевиќ алергиите не се наивна болест.

Симптомите на алергија можат да се менуваат. Една година имате проблем со тоа што ве печат очите или ве чешаат ушите, а веќе следната година можете да имате напад на алергиска асма. Тоа се многу компексни работи, алергените можат да влијаат на промена на нашето ткиво и ние на тоа не можеме да влијаеме-заклучува докторката.

Симтоми на поленска алергија

*кивање повеќе од 10 пати едно по друго

*чешање во носот

*течење на носот

*насолзени и црвени очи

*кашлање

*отежнато дишење со чувство за недостаток на воздух

*понекогаш доаѓа и до промена на кожата во вид на црвени отпечатоци и чешање

*можат да настанат и компликации на органите з аварење пропратени со повраќање, грчеви и пролив посебно доколку се вкрстат поленска и алергија на храна.

Превентива

*не излегувајте од дома во текот на предпладнето кога е најголема концентрацијата на полен во воздухот

*држете ги затворени прозорците од станот или автомобилот за да не влезе полен

*ако е ветровито останете дома бидејќи со ветер поленот најлесно се разнесува

*туширајте се и мијте ја косата секоја вечер за да се измие поленот и редовно мијте ги рацете

*често се преоблекувајте

*не ја сушете облеката надвор

*редовно метете и мијте ги подовите

*доколку работите во бавча ставете маска на устата и носот, а по завршената работа истуширајте се и преоблечете се

*избегнувајте секакви спортски активности во природа