Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вчера се венчаше со својата сакана, Маринела откако ја запроси минатиот август. Тие и двајцата се од Штип, каде и се родила нивната љубов, а приказната за тоа, Бочварски ја раскажа во интервју за Македонски медиа сервис.
View this post on Instagram
„Со Маринела имаме слични карактери, слично размислуваме и функционираме. Од ова време колку што сме заедно забележав дека и двајцата не привлекуваат истите работи. Едноставно има некоја поврзаност, некоја хемија, има љубов меѓу нас. Можеби една година е релативно кратко време, но доволно добро се запознавме, како да сме многу време заедно. И двајцата сме штипјани, се знаеме подолго време од град, но официјално почнавме да комуницираме пред околу една година, потоа се’ почесто и со тек на време се поврзаа сите работи“, изјави тогаш Бочварски додавајќи дека пандемијата им ги пореметила плановите за свадба.
Според нашите информации, свадбата е закажана во септември и ќе организира во еден од скопските ресторани.
На вчерашната венчавка присуствуваше и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски со сопругата Андријана.
Министерот Бочварски не е веќе ерген! Потроши ли една плата за прстенот на Маринела?