„Менструалните производи не се луксуз“: Протест за намалување на менструалната сиромаштија – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/22 11:25 AM

„Менструалните производи не се луксуз“: Протест за намалување на менструалната сиромаштија

Мрежата за родово одговорно буџетирање, поддржана од Платформата за родова еднаквост и Period Movement Скопје утре во 13 часот организираат мирен собир  пред зградата на Министерството за финансии.

Повод за собирот е Меѓународниот ден на менструалната хигиена, а целта на истиот е гласно да се побара од надлежните во ресорното министерство намалување на ДДВ-то за менструалните производи од 18 % на 5 % со цел намалување на т.н. менструална сиромаштија, субвенционирање на цената на менструалните чашки, како и бесплатни и достапни производи за менструација во основните и средните училишта и во јавните тоалети на територија на Република Северна Македонија, на товар на Буџетот на државата, соопштија денеска организаторите.

Тие информираа дека за време на собирот ќе бидат прочитан проглас, заеднички усвоен од Платформата за родова еднаквост при што ќе бидат преставени дел од податоците и анализите за стапката на менструална сиромаштија во земјава, подготвени од страна на Реактор, Тииит Инк, Period Movement Скопје и Новинари за човекови права.