Реал Мадрид е новиот европски шампион! – Карло Анчелоти стигна до петта титула како тренер – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/22 11:42 PM

Реал Мадрид е новиот европски шампион! – Карло Анчелоти стигна до петта титула како тренер

Реал Мадрид вечерва во Париз стигна до 14-тата титула европски шампион. Победата ја донесе Винисиус Жуниор со голот во 58-та минута.

Најзаслужен за победата беше долгоногиот голман Тибо Куртоа која одбрани осум удари во рамки на голот меѓу кои и зицерот на Мохамед Салах во последните десет минути од мечот.

Карло Анчелоти испиша нова историја. Трофејниот италијански тренер покрај тоа што освоил шампионска титула во секоја од петте најдобри фудбалски лиги во светот, стигна до петтиот трофеј во Лигата на шампионите, достигнувања кои тешко некој некогаш да ги достигне.

фото: https://twitter.com/search?q=Real%20Madrid&src=typed_query