(Видео) Хаос пред финалето на Лигата на шампионите, мечот почна со доцнење до 36 минути – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/22 9:45 PM

(Видео) Хаос пред финалето на Лигата на шампионите, мечот почна со доцнење до 36 минути

Лошата организацијата на финалето на Лигата на шампионите резултатираше со навивачки хаос пред стадионот во Париз и со доцнење од 36 минути.

Трофејот во Лигата на шампионите на стадионот го донесоа легендарните фудбалери на финалистите. На едната страна Раул од другата Иан Раш. Двајцата добија аплауз за разлика од претседателите на УЕФА и ФИФА, Александер Чеферин и Џани Инфантино кои беа исвиркани за лошата организација.

Додека траеше свеченото отворање на кое настапи Камила Кабело, полицијата користеше бибер-спреј за да ги сопре навивачите на Ливерпул околу стадионот кои бараа да се отворат вратите мафтајќи со влезници.

Поранешниот фудбалер Гери Линекер повторно проговори, овојпат беше бесен е на организацијата.

„Не знам дали ова можеше да се организира полошо дури и ако се обидете! Срамно и опасно“, напиша Линекер.

фото: Твитер