Оставете чаша вода покрај креветот пред спиење: Ритуалите на пиење како спас за здравјето – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/22 9:00 PM

Оставете чаша вода покрај креветот пред спиење: Ритуалите на пиење како спас за здравјето

Водата треба да се пие навечер и во текот на ноќта бидејќи ги спречува проблемите со срцето и мозочниот удар. Ова посебно се однесува на луѓето во поодминати години.

Водата е главна состојка на човечкото тело. Околу 60 проценти од телесната тежина на возрасен човек припаѓа на водата. Под добра рамнотежа на вода во организмот се подразбира да се внесе толку вода колку што ќе се загуби во текот на денот. Добрата хидрираност на организмот го намалува уморот, ја подобрува концентрацијата и ја зголемува физичката издржливост.

Според советите на стручњаците, отималниот дневен внес  е од 1,5 до 2 литри течност, меѓутоа не е само важно да се пие вода туку и кога ја пиеме.

Постарите луѓе би требало да пијат вида пред спиење и ноќе бидејќи срцето полесно ќе се носи со ноќните аритмии. Само чаша вода покрај креветот и нејзиното пиење во текот на ноќта, тврдат стручњаците, ќе направи чудо за вашето здравје.

Ги чува срцето и мозокот

Како што истакнуваат стручњаците, водата е потребна во кој било дел од денот посебно пред бањање. Можеби ќе звучи чудно, но на овој начин ќе го намалите крвниот притисок. Ова посебно се препорачува за луѓето кои патат од хипертензија.

Пиењето чаша вода навечер, спречува срцеви проблеми и мозочен удар, особено во позрелите години.

Ако водата ја пиете во текот на ноќта, нема да имате проблеми со грчеви во нозете, а тоа го има потврдено и науката. Всушност причина за грчеви во мускулите посебно во текот на ноќта е дехидрацијата.

Две чаши вода наутро

Стручњаците препорачуваат дека денот треба да се започне со вода. Ако испиете 2 чаши вода веднаш после будењето,  ќе ја надополните изгубената течност во текот на спиењето преку потење. Важно е да се напомене дека е најздраво наутро да се пие вода со собна температура, а никако студена од фрижидер за да не го шокирате организмот.

За да го подобрите варењето, испијте чаша вода 30 минути пред оброкот. После јадењето вода треба да се пие само доколку чувствувате жед. Се зборува дека водата ја разредува желудочната киселина и ја нарушува апсорбцијата на хранливите состојки и нивната преработка во телото, но тоа е мит. Спротивно, водата помага на процесот на варење да биде активен.

Ја штити забната глеѓ

Ако вежбате, задолжително испијте доволно вода пред вежбањето, но и во текот на самиот тренинг за да го хидрирате организмот кој ја губи течноста со потењето.

Исклучително е важно да се испие чаша вода после пиењето кафе. Не само што на тој начин ќе го спречи зголемувањето на крвниот притисок кој го предизвикува кофеинот, туку ќе ја заштитите и забната глеѓ. Не треба да се заборави дека кафето е природен диуретик и после пиењето кафе секако ќе одите до тоалет, а тој губиток на вода треба да се надокнади.

Ако имате проблематичен метаболизам, задолжително зголемете ја количината на вода која ја пиете. Ефектот ќе го забележите за неколку дена, а одењето во тоалет повеќе нма да биде непријатно.

 

Извор: srecna.republika.rs