Повеќето луѓе, мирисот и вкусот на кокос ги асоцира на лето. Ако сте и вие едни од нив, дознајте како вашиот омилен десерт се прави брзо и лесно.
Мирисите на кремите за сончање, солената вода и кокосот за секунда можат да ве вратат во детството и безгрижната радост во очи на летниот распуст. Доколку сакате да ја повикате носталгијата, а сакате лесни и слатки Рафаело топчиња и сакате да ги наравите во домажна режија, ние ви го пренесуваме убедливо најлесниот рецепт за овој вкусен десерт.
Состојки:
200 грама бело чоколадо
100 грама кокосово брашно
100 грама бадемово брашно
осум цели бадеми или лешници по желба
Подготовка:
Белото чоколадо стопете го на пареа. Кога ќе стане целосно течно, во чоколадото додајте ги бадемовото брашно и кокосовото брашно. Сите состојки измешајте ги и соединете ги па ставете смесата малку да се излади и стегне.
После неколку минути, формирајте топчиња од смесата. Во нивната средина по желба можете да ставите цел лешник или бадем. Кога ќе завршите со правењето на топчињата, извалкајте ги во кокосово брашно и редете ги начж чинија.
Ставете ги во фрижидер најмалку 2 часа, за да се стегнат и изладат, а потоа веднаш можете да ги послужите. Од оваа количина на состојки би требало да добиете околу 15 топчиња.
Извор: srecna.republika.rs
Фото: Илустрација / Designed by Freepik