Универзитетскиот професор Јове Кекеновски, е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ, кој во 2015 година застана зад иницијативата за „дегруевизација“ на партијата, по што беше исклучен. Кекеновски во емисијата „Стадион“ на Канал 77, која е во тек, навраќајќи се на деновите на основање на партијата, вели дека по формирањето на ВМРО ДПМНЕ, луѓето со високо образование во тоа време, бегале од членство како ѓавол од крст, за сега се главни.
-Учествував од првиот ден од формирањето на ВМРО ДПМНЕ во тогашниот Дом на млади „25 Мај“ во Скопје. Ние од 37 одборници во Советот на Град Скопје имавме само шест со високо образование. Луѓето со високо образование се плашеа, се срамеа од ВМРО ДПМНЕ, сега тие заборавија па дури а сега се главна перјаница на партијата. Тие што бега како ѓавол од крст, сега се главни, рече Кекеновски.
За себе вели дека не можам да не бидам член, само што сега не е активен. Тој е еден од членовите на иницијативата против Никола Груевски, кои биле исклучени од партијата. Дури и оној дел кој се потпишал за разрешување, како што кажа Кекеновски, играле двојна улога и на самиот ден на состанокот на Централниот одбор се откажале од потписите. Во однос на бугарофилството, многу блиску до вистината е дека тие што биле главни бугарофили, сега се главни бугарофоби.
-Тие се лукративни и се прилагодуваат. Веројатно имале добра поддршка, не само логистичка, тука и финансиска, тоа било конјуктурно, лесно поминувало, за да поминете лесно во својата кариера. Па сега се заборава сето тоа. По 10 години добивме сатисфакција од Љубчо Георгиевски, кои се профилирале како бугарофили, рече Кекеновски.
Тој реагираше на трендот на идентификацијата Бугари од Македонија.
-Кога излегуваат надвор од државата, тие излегуваат со македонски пасош, тие се Македонци со албанско потекло, Македонци со бугарско потекло. Сега се трансформираа како Бугари од Македонија, кажа Јове Кекеновски.
Разговорот продолжува за изборот на ректор на Универзитетот „Климент Охридски“ од Битола.