Бујар Османи свечено го подигна македонското знаме во Киев – Од денес повторно е отворена и Амбасадата – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/22 3:38 PM

Бујар Османи свечено го подигна македонското знаме во Киев – Од денес повторно е отворена и Амбасадата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, која беше привремено затворена заради безбедносни причини, по руската инвазија врз Украина.

Со свечено подигнување на знамето од страна на Министерот, Амбасадата отпочна со извршување на своите редовни активности.

„Ова не е само симболична порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава”, изјави Османи.

Министерот на средбата со неговиот хомолог Дмитро Кулеба, информираше и за одлуката на  Владата која беше донесена во пресрет на посетата, со која се обезбедува итна финансиска помош за Украина во износ од 100 илјади евра.

извор: МНР