„Се уште има работа во дедо Мишко“ – Пејачот Крстевски по втор пат стана дедо и свекор – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/22 12:59 PM

„Се уште има работа во дедо Мишко“ – Пејачот Крстевски по втор пат стана дедо и свекор

Фолк пејачот Мишко Крстевски неодамна по втор пат стана дедо, ја доби втората внука Илијана од помалиот син.

Но, не само тоа. Среќата во семејството Крстевски ја надополни и свадбата на неговиот постар син. Сега, како што вели Мишко, со сопругата се среќни што децата им се веќе свои луѓе, што се тргнати по својот пат. Па, како и секои родители и тие се горди на своите наследници.

 

-Пресреќни сме. А како и не. Свадби и проширавње на семејството секогаш е радост. Иако не не изненадија, тие се заедно неколку години и време беше да ја озаконат љубовта. Беа регистрирани, сега само свадбата. Синовите се веќе свои луѓе, си ги прават свадбите сами, по нивни замисли. Ние сме тука ако треба да се помогне. И кај двата сина свадбите поминаа како треба. Веќе работат, свои луѓе се и не се плашиме со Сунчица, излезени се на патот, вели Мишко.

Како и секои баба и дедо, така и тие двајца се радуваат на двете внуки Мишела и Илијана, кои ги добиле од постариот син иснаа. Секое време го користат да го поминат со нив, да се наполнат со љубов и позитивна енергија.

-Радоста со внучињата е голема. Мишела порасна, а Илијана е два месеци. Убав повод за радости, на секој му го посакувам тоа. Фала му на Бога, децата се здрави и живи, си напредуваат. Се полниме со позитивна енергија од нив. Се е како треба. Не треба ништо повеќе, фала му на Бога има се, само да се здрави и живи и да си растат како треба. И секако се надеваме на внучиња и од другиот син, додава тој.

Мишко не се сложува со констацијата дека внучињата повеќе се сакаат од сопствените деца. Вели дека има љубов и за деца и за внуци.

-Навистина не се сложувам дека внуците повеќе се сакаат од децата, тоа не е така. Само што со децата родителите не се толку опуштени, токму поради грижата. Сепак, најголемата грижа за внуците е на синот и снаата, ние само помагаме. Одговорноста си е на родителот. Родителите секако дека си ги сакаат децата, исто како внуците, но грижата е поинаква, постегнати се родителите во однос на децата. А со внуците сме поопуштени, вели тој.

Тој се радува  што станал дедо и вели дека првиот пат кога го слушнал тој збор од внуката се стопил.

-Чувството е прекрасно, навистина е така. Кога ќе рече баба, деде се топиме. Заедно живееме, секој ден сме заедно, навистина убавина, додава тој.

Секој од нас во одреден временски период секој од нас си го враќа филмот и се запрашува кога толку брзо пролетаа годините. Кога била младоста, па родителството и на крај доаѓаме до фаза кога веќе сме возрасни, кога сме баба и дедо.

 

-Хаххаа, така е. Но, не се чудам, тоа е. Летаат годините, времето многу бргу минува. Но, мислам дека секоја година има своја убавина, има некое случување во животот што се интересни, животот ти го прават интересен, не само приватно, туку и професионално. Навистина годините летаат, но, пак, ќе речам, нека. Само со Господ напред да се радуваме на деца и внуци. Сметам дека со сопругата не сме остарени, не е време да кажам „леле Сунчице остаревме“. И ако може уште некоја песна да се отпее за убаво на сите.

Кога станува збор за музиката тој не се предава. Вели „има уште работа во дедо Мишко“. И така е со оглед на тоа што по паузата поради пандемијата сега веќе е со пребукирани ангажмани за целото лето.

-Овој период свадби, матурски и други настапи, има фала му на Бога. Имам веќе договорени секојдневни свирки и се е во ред. Не се жалам. Заврши пандемијата, можеме малку да живнеме, вели пејачот.

И пеам на Мишела и се топам од среќа кога ќе ми се насмее – Пејачот Мишко Крстевски не мисли на ништо кога е со внуката

Весна Миленковска