Жолтата желка, која пред 15 години беше испорачана во малезискиот “Sea Life Aquarium” од Кајманските Острови, предвиде дека Ливерпул ќе го победи Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите („Стад де Франс“ – сабота, 21 часот).
Работниците за одржување на аквариумот подготвиле по две кутии брокули во секоја од нив – на околу два метри, кои ги претставувале ривалите во претстојниот финален натпревар.
Кога ги спуштиле во аквариумот, жолтата желка отишла до кутијата со грбот на познатиот англиски клуб.
Фото: Принтскрин