Обожавателите на холивудските криминални приказни беа шокирани од прераното заминување на актерот Реј Лиота. Актерот починал во сон додека снимал во Доминиканската Република.
Познатиот актер по раѓањето бил оставен во сиропиталиште во Њу Џерси, а го посвоиле Мери и Алфред Лиота. Од самиот почеток, Реј знаел дека е посвоен, неговите родители сакале да бидат искрени со него уште од најраното детство. Кога сакале да имаат две деца, го однеле Реј во сиропиталиште и му дозволиле да ја „одбере“ сестра му.
Линда Лиота беше посвоена. Подоцна, кога пораснал, актерот ангажирал приватен детектив да ја пронајде неговата биолошка мајка. Тој веќе беше зрел човек кога дозна дека таа е жива, дека семејството е со шкотско, а не италијанско потекло, како што мислеше дотогаш. Дознал и дека има пет полусестри и еден полубрат.
View this post on Instagram
Се ожени само еднаш со актерката Мишел Грејс и ја добија ќерката Карсен. По разводот во 2004 година, извесно време беше сам, а потоа влезе во врска со Џеси Нитоло. Таа била со него во Доминиканската Република кога тој починал во сон.
Реј и Џеси се запознале преку нивните деца, додека неговата ќерка и нејзиниот син биле заедно на прослава. Почнале да се шегуваат како треба да го „наместат“ родителскиот состанок, им закажале состанок на своите родители и таказапочнала нивната романса.
извор: Mondo
фото: принтскрин Јутјуб