Битолскиот универзитетот „Св. Климент Охридски“ ја почна постапка за избор на нов ректор со мандат од три години. Новата академска година наесен ќе стартува со ново раководството на Универзитетот, а идната недела ќе се спроведе и гласањето за нов ректор.
Еден од кандидатите е и професор д-р Јове Кекеновски, кој вели дека би сакал многу нешта да промени.
-Мојата кандидатура е резултат на личниот предизвик и мотивација во ,,време на невреме” да се даде сопствен придонес во процесот на враќање на статусот и позицијата која некогаш ја имаше Универзитет ,,Св. Климент Охридски” од Битола. Мотивацијата и личниот предизвик сѐ уште поголеми во ситуација кога состојбите на УКЛО добиваат непосакувани текови. Овие состојби се поврзани со назадување на развојот, чувство кое е изразено меѓу академската заедница на универзитетот, но и пошироко во јавноста, а истото е потврдено со падот на релевантни рангирања од страна на реномирани светски агенции и инстутуции, кои секоја година ги прикажуваат позициите на универзитетите во светот. Сакајќи да го поттикнам големиот интелектуален потенцијал на УКЛО со цел да се променат состојбите на Универзитетот, но и за дадам личен придонес во промената на состојбите во високото образование на ниво на држава, максимално сум подготвен да ги ставам во функција сите мои досегашни емпириски и теоретски знаења и искуства и целосно да и се посветам на мисијата за враќање на достоинството на институцијата, а со тоа и достоинството на наставно-научниот кадар, вели Кекеновски и додава:
– Поради тоа во програмата потенцирав дека посебна и приоритетна заложба ке ми биде: Доизградба и понатамошен развој на автономен, модерен и ефикасен универзитет, базиран врз најдобрите искуства, традиција и стандарди. Создавање на нов систем на финасирање и јакнење на материјалната основа во функција на развојот на Универзитетот и на единците во неговиот состав и подобрување на материјалниот и финансискиот статус на наставно научниот кадар, но и на целиот универзитетски кадар. Целосно интегриран, но не и централизиран Универзитет. Партиципативно, транспарентно и одговорно управување со Универзитетот со почитување на законските прописи и процедури. Реафирмација на улогата и позицијата на Сенатот и останатите негови работни тела и комисии. Афирмација на македонската наука и научна мисла, засилена научно истражувачка работа и развивање научни и технолошки стратегии како и афирмација на македонската култура и промоција на културниот идентитет. Мотивирање и анимирање на студентите со цел нивна активна улога во наставно образовниот процес како и остварување и заштита на нивните права и реализација на нивните обврски.., вели тој.
Според него доколку биде избран за Ректор, ќе се добие максимално отворен универзитет за нови идеи, за комуникација, односно „едноставно ќе добиеме универзитет кој ке биде гордост на државата и регионот“.
-За да се подобри состојбата во високото образование потребно е многу работа, воља, стручност и компенетција од највиско до најниско ниво во оваа област. Вистинските луѓе конечно мора да дојдат на вистински позиции, а државата односно пред се извршната власт потребно е да покаже многу поголем сенс за оваа клучна област во општеството. Не смее образованието во државата да го креираат и да го водат некомпетентни и приучени партиски кадри. Доколку бидам избран за Ректор на универзитетит зааедно со ректорите на другите државни универзитети ќе поведам иницијатива до законодавната и извршната власт за зголемување на делот кој се издвојува од Буџетот на државата за финансирање на науката, вели професорот и дообјаснува:
– Се додека партиската книшка е посилна од Дипломата за завршено високо образование се дотогаш државата ќе биде кочничар на иднината на младите кадри. Мора итно да се прекине со процесот на партизација во сите сфери на општеството. Проблемот со одлив на ,,мозоци” односно со одливот на кавлитетни млади кадри трае со години. Државата мора итно да направи реална и вистинска стратегија како да ги задржи младите во Македонија, рече Кекеновски.